Со шурата пиеле заедно,се степале,шурата паднал и умрел.


Прилепчанец е осомничен за убиство откако вчера за Бадник прво пиеле со шурата кај него во двор, а потоа почнале да се тепаат, по што шурата паднал и со главата удрил во бетонски столб и починал.

-На 06.01.2024 во 17.15 часот било пријавено дека во дворно место, сопственост на В.С. во Прилеп, бил пронајден починат П.Р., со повреда во пределот на главата. Лекар од Итна медицинска помош Прилеп констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Полициски службеници извршиле увид и од преземените мерки и активности и добиените искази било констатирано дека во дворното место В.С. и Р.П. заедно консумирале алкохол, по што настанала меѓусебна вербална расправија, која прераснала во физичка пресметка, во која Р.П. паднал и со главата удрил во бетонски столб од куќа во изградба, соопшти МВР.

Во 19.35 часот, по наредба на Јавен обвинител, В.С. е приведен и при извршен службен разговор го признал делото. Денеска СВР Битола ќе поднесе кривична пријава по брза постапка против шеесет и петгодишниот прилепчанец дека го убил две години помладиот брат на неговата сопруга кој бил од кавадаречкото село Шивец, но со престој во Прилеп.

Back to top button
Close