Со сопругата предизвикале пожар кај Асамати – полицајците го пронашле мртов

62-годишник од селото Претор е пронајден мртов откако претходно заедно со сопругата предизвикале пожар при што горела сува трева и стрниште.

-Вчера во 17.57 часот во ОВР Ресен било пријавено дека во с.Асамати, ресенско, во близина на шумска куќа на Јавно претпријатие „Национални шуми“, во атар на с.Претор, настанал пожар при што горела сува трева и стрниште. Полициски службеници и Јавен обвинител излегле на местото и го пронашле починат М.Л.(62) од с.Претор, а смрт констатирала екипа на Итна медицинска помош. По преземени мерки било констатирано дека М.Л. и неговата сопруга Н.Л.(56) запалиле гранки во нивна бавча на место викано „Крива нива“ од што настанал пожар, а од густиот чад М.Л. паднал во безсознание, по што бил извлечен од огнот, но веќе бил починат, појаснуваат од полицијата.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Ресен, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Back to top button
Close