Со успешна вакцина Британија до лето ќе се врати во нормала

 Доколку вакцината против Ковид-19 е успешна и биде во употреба на почетокот на 2021 година, животот во Велика Британија до следното лето би можел да се врати во нормалните текови што постоеја пред воведувањето на мерките за карантин.

Ова денеска го изјави британскиот министер за здравство Мет Хенкок.

Тој прецизира дека, ако сè оди според очекувањата, најзагрозените слоеви на населението треба да се вакцинираат веќе на крајот на оваа година, и оти во тој случај масовната вакцинација треба да почне на почетокот на следната година.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close