Сојузот на извидници ги повикува членовите да пријават доколку се почувствувале небезбедни при одредени активности
Телата на сојузот ќе спроведат интерна истрага и од нејзиниот исход и истрагата од надлежните институции ќе преземат мерки за санкционирање на одредот организатор, реагираат од Сојузот на извидници на Македонија
Сојузот на извидници на Македонија излезе со свој став околу случајот со извидничкиот камп за кој родители на тинејџери алармираа до институциите и медиумите дека под превезот на сексуална едукација барале од учесниците да глумат секс-пози, да одговараат колкав број сексуални партнери имале и да симулираат секс и да се соблекуваат.
„Сојузот ја разбира сериозноста на ситуацијата и со внимание пристапува кон решавање и намалување на нејзините последици. Следствено на тоа, телата на сојузот ги преземаат неопходните мерки во насока ваков или сличен случај веќе никогаш да не се повтори и сите членови да се чувствуваат безбедно при учество во која било активност на национално или локално ниво, согласно извидничката програма“, велат од Сојузот на извидници на Македонија кои како младинска чадор-организација обединува 22 извиднички одреди на национално ниво и 68 години работи на неформална едукација на деца и млади луѓе.золуцијата на Светската извидничка конференција,
Сојузот на извидници на Македонија како организација членка се обврзал дека преку извидништвото ќе понуди безбедна едукативна околина за деца и млади, како и улогата што возрасните ја имаат за постигнување на истото.
Додаваат дека жалат што нивни член во даден момент се почувствувал небезбедно и се обврзуваат дека ваква ситуација нема да се случи во иднина.
„Воедно, ги охрабруваме сите извидници кои во даден момент се почувствувале небезбедно и непријатно (од која било причина) да нѐ контактираат и согласно нашите можности и ингеренции да преземеме соодветно дејвствие. Телата на сојузот ќе спроведат интерна истрага и од нејзиниот исход и истрагата од надлежните институции ќе преземат мерки за санкционирање на одредот организатор“, велат од Сојузот на извидници на Македонија.
Потсетуваат дека од 2017 година со носењето на резолуцијата на Светската извидничка конференција, Сојузот на извидници на Македонија како организација членка се обврзал дека преку извидништвото ќе понуди безбедна едукативна околина за деца и млади, како и улогата што возрасните ја имаат за постигнување на истото.