Со закана со пиштол ограбена банка во „Скопјанка“

Вооружен крадец со пиштол денеска претпладне ограбил банка во трговскиот центар „Скопјанка“ во скопската населба Аеродром.

-Денеска (04.06.2024) во 11.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во филијала на една банка на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, едно лице со закана со пиштол од вработените одзело пари, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, но не се откриваат детали колку пари се украдени.

Back to top button
Close