Со закуска во Тирана, Рама ќе ги сплотува раскараните лидери Ахмети,Таравари, Касами, Тачи и Гаши

Дел од албанските партии во земјава потврдија дека ќе одат на средбата во Тирана која, како што објавија медиумите, ја организира албанскиот премиер Еди Рама.

Од Алтернатива, Алијанса за Албанците и од Беса за МИА изјавија дека добиле покана за средба и дека ќе одат, но не прецизираа детали. МИА побара одговор и од ДУИ, но оттаму досега нема одговор.

– Исто како што сме одговориле позитивно на сите покани за средби, така и во овој случај ја потврдуваме поканата, како и нашето присуство на вечерата организирана од премиерот Еди Рама – изјавија за МИА од Алијанса за Албанците.

Од Алтернатива потврдија дека претседателот на партијата Африм Гаши ќе присуствува на средбата, но дека не се знае за што ќе се разговара.

И од Беса за МИА потврдија дека е добиена покана за средба од страна на Рама, но нема детали дали некој од партијата ќе присуствува на средбата.

Агенцијата Журнал јави дека Рама ги поканил лидерите на политичките партии на Албанците од земјава на неформална средба во вторник. Поканети се лидерот на ДУИ Али Ахмети, на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, на  Движењето Беса, Билал Касами, на Алтернатива Африм Гаши и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

На 7 јануари 2017 година, тогашниот и сегашен премиер на Албанија Еди Рама ги собра лидерите на Албанците од Македонија, за да ги договорат условите под кои партиите од албанскиот блок ќе влезат во идната влада. На штотуку завршените парламентарни избори победи ВМРО-ДПМНЕ, но лидерите на Албанците како услов за влез во Владата го поставија исполнувањето на точките во платформата која беше наречена Тиранска.

Самитот кај Рама доаѓа во време на големи внатрешни конфликти во албанскиот политички блок, а од неодамна и во ДУИ. Освен за оваа тема, веројатно ќе се разговара и за идејата за предвремените во Македонија и за ставотр на албанските поартрии во врска со најавените уставни измени.

Back to top button
Close