Собјанин: Рестриктивните мерки во Москва ќе бидат укинати овој месец

– Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин изјави денеска дека сите големи ограничувања кои се однесуваат на новиот коронавирус ќе бидат укинати во рускиот главен град овој месец.

Тој нагласи дека салоните за убавина и ветеринарните клиники ќе бидат отворени од утре, музеите и терасите на кафулињата од 16 јуни, а фитнес центрите и рестораните од 23 јуни.

Собјанин истакна и дека од утре ќе бидат укинати правилата за самоизолација и издавањето дозволи за патувања.

Градоначалникот додаде дека сите жители на Москва, вклучувајќи ги и оние на возраст над 65 години и луѓето со хронични заболувања, ќе можат слободно да се движат низ градот и да посетуваат јавни места.

Back to top button
Close