Соборот на СПЦ одобри канонско единство со МПЦ-ОА

Соборот на СПЦ денеска одобрил канонско единство на СПЦ со Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), пренесува српски „Курир“.

Спорот кој датира од 1967 година, кога се одвоила македонската православна црква од СПЦ, конечно е решен.

Пред оваа одлука на Соборот беа обновени разговорите меѓу патрхархот и претставници на МПЦ на чело со г.г. Стефан.

По 20 години, откако на 17 март 2002 година беше донесе договорот во Ниш меѓу СПЦ и МПЦ, околу дефинирање на нивниот однос, на истото место за време на првомајските празници повторно беше воспоставена комуникација, а тие вродија со денешната одлука на Соборот.

Во продолжение го објавуваме во целост соопштението од СПЦ:

„Добивајќи го актот од Светиот архијерејски синод на „Македонската православна црква-Охридска архиепископија“, со кој истата го прифаќа општопризнатиот канонски статус доделен во 1959 година од страна на Светиот архијерејски собор на Српската православна црква и со кој изразува надеж дека Српската православна црква братољубиво ќе го решава и ќе го реши и прашањето на нејзиниот конечен статус, по што треба да следува сеправославна согласност и прифаќање на тој статус, Светиот архијерејски собор одлучи:

– со благодарност кон Господ и со радост, Соборот го поздравува прифаќањето на општопризнатиот канонски статус, а тоа е статус на најширока можна автономија односно целосна внатрешна самостојност доделен уште во 1959 година;

– со оглед дека со ова се отстранети причините за прекин на литургиското и канонското општење, предизвикани со едностраното прогласување автокефалност во 1967 година, се воспоставува целосно литургиско и канонско општење;

– со воспоставувањето единство на канонски основи и под услови на важење на канонскиот поредок на целата територија на СПЦ, дијалогот за идниот и евентуалниот конечен статус на епархиите во Северна Македонија, не само што е можен туку е и целисходен, легитимен и реален;

– во дијалогот за нивниот иден и евентуално конечен канонски статус, Српската православна црква ќе се раководи само и исклучиво од еклисиолошко-канонските и црковно-пастирските принципи, критериуми и норми, не грижејќи се за „реалполитичките“, „геополитичките“, „црковнополитичките“ и други слични состојби или за еднострани иницијативи и не подлегнувајќи под ничие влијание и притисок;

– и конечно, по решавањето на статусот, Соборот нема намера да ја условува новата сестринска црква со ограничувачки клаузули во однос на опсегот на нејзината јурисдикција во матичната земја и дијаспората, со препорака да го реши прашањето за своето официјално име во непосреден братски дијалог со хеленофонските и останатите помесни православни цркви.“

Back to top button
Close