Собрани 27.909.130 денари за лицата кои настрадаа во земјотресите во Турција и Сирија

Од Црвен крст на РСМ денеска соопштија дека преку нивните донаторски линии и од Фондот за солидарност заклучно со вчера се собрани вкупно 27.909.130 денари за помош за лицата кои настрадаа во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на: сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија, како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

Back to top button
Close