Собранието ја усвои декларацијата за осуда на воените напади во Украина

,

Со 100 гласа „за“ и три гласа „против“, пратениците ја изгласаа декларацијата за осуда на воените напади во кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Двајцата пратеници од партијата Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов гласаа против, како и пратеникот Иван Стоилковиќ од Демократската партија на Србите.

Претходно, попладнево пратениците со 104 гласа „за“, три „против“ и еден „воздржан“, пратениците ја усвоија потребата од донесување на ваквата декларација, поднесена од пратеничките Моника Зајкова од ЛДП и Маја Морачанин од ДОМ по скратена постапка.

Образложувајќи ја потребата од усвојување на декларацијата, пратеничката Зајкова, облечена во боите на украинското знаме, рече дека низ историјата, човештвото сведочело за бројни војни и внатрешни конфликти, од кои цената ја плаќале само невини човечки животи.

„Жалам што во 21. век сведочиме повторно на напад на мирот, предизвик кој на никој не ни доаѓаше ниту на сон дека ќе се соочуваме. Она што се случува денес во Украина, не е само предизвик на Украина и не ја засега само Европа или Азија, туку целиот свет. Ваквите напади, не го загрозуваат само мирот и безбедноста на Југоисточна Европа туку и мирот на Балканот“,

рече Зајкова во своето обраќање.

Back to top button
Close