Џафери: Собранието ќе има мнозинство за гласање

Собранискиот спикер, Талат Џафери на брифинг со новинарите истакна дека го има потребнито мнозинство за изгласување на потребата за измени во Деловникот до што во време на пандемија пратеници би имале можност за онлајн присуство на седниците.

Доколку се донесе потребата, промената на Деловникот ќе оди по скратена постапка.

Џафери вели доколку се овозможи онлајн работа на Собранието, тоа ќе трае само додека трае и пандемијата. Појаснува дека нема сите пратеници да имаат можност да се вклучат од дома. Туку само оние кои поради коронавирусот нема да можат да дојдат на работа, а нивната здравствена состојба дозволува да можат да работат. Ќе мора да го известат претседателот и да достават документ од здравствените власти кој ќе биде на увид на сите пратеници.

Во моментов само еден пратеник од опзоцијата е во изолација.

Back to top button
Close