Собранието се сеќава на Сребреница – Гаши: За жал, не е последен – друг се случува во Газа

Собранието го одбележа 11 јули, Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, истакна дека над 8.000 неправедно згаснати животи не се само тажна историја на Сребреница, туку се колективна траума и силен повик за правда и рефлексија. Ова го поврза и со случувањата во Газа.

„И, за жал, Сребреница не е последен. Друга Сребреница, дури и со многу поголеми размери, се случува денес во Газа, каде што еден народ е изложен на физичко исчезнување и умира не само од куршуми и гранати, туку и од недостаток на леб. На Луцифер не му беше доволна Сребреница, а изгледа нема да му биде доволна ни Газа.“, рече Гаши.

Претставничката на координативното тело за одбележување на 30-годишнината од Сребреница, Селма Ризвановиќ-Мандал, рече дека и по 30 години од темниот и срамен настан за Европа, сѐ уште има негирање на геноцидот над 8.372 жртви, нарекувајќи го масакр.

Џеват Хот од Бошњачкиот национален совет истакна дека не смее да се дозволи молк, негирање и омраза. Сеќавањето на Сребреница, според него, е морална и човечка обврска, но и предуслов за мир.

На одбележувањето на овој ден, како гостин од Босна и Херцеговина се обрати директорот на Институтот за истражување на злосторствата во Сараево, Муамер Џанановиќ, кој нагласи дека геноцидот во Сребреница е најдокументираниот злостор во модерната историја и за него нема место за алтернативни наративи.

Back to top button
Close