Собранието за денеска има закажано три седници

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да одржи три седници на чиј дневен ред се останати неколку неразгледани точки.

Пратениците во рамки на 97-та седница треба да го разгледаат Предлог законот на задругите во прво читање.

На дневен ред, пак, на 91-та седница се Предлог на закон за ратификација на Договорот за соработка помеѓу земјите од Западен Балкан од областа на меѓусебното признавање на дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции,  Предлог на закон за ратификација на Договорот за соработка во заштита од катастрофи во Западен Балкан, Преглог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на Министри на Република Албанија, Советот на Министри на Босна и Херцеговина, Владата на Црна Гора, Владата на Република Србија и Владата на Република Словенија во врска со аранжманите на земјата домаќин за статусот на Постојаната организација на Балкански медицински наменски сили и нејзиниот персонал, како и Предлог на закон за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово за соработка во областа на дијаспората.

Собранието денеска треба да ја продолжи и 95-та седница во чии рамки пратениците треба да расправаат по неколку неразгледани точки, меѓу кои и Предлог на закон за ратификација на договорот меѓу Европската унија и Република Северна Македонија за учество на Република Северна Македонија во програмата „Царина“ на Унијата за соработка во царинската област, Предлог на закон за ратификација на Протоколот за изменување и дополнување на Договорот помеѓу Страните на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа за автоматизирана размена на ДНК податоци, дактилоскопски податоци и податоци за регистрација на возила, како и Предлог на закон за ратификација на Договорот за соработка во областа на механизмите за обезбеденост со храна во Западен Балкан.

Back to top button
Close