Собраниска делегација на Трансатлантски форум во ПС на НАТО

Во рамките на редовните активности, Делегација од Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на НАТО ќе учествува на Трансатлантскиот форум, кој се одржува од 4-ти до 8 декември 2022 година во Вашингтон, САД.

На состанокот, како што информира собраниската прес-служба, учествуваат делегации од националните парламенти на земјите членки на НАТО, како и делегацијии од парламентите на асоцијативните земји. Од Собранието на Република Северна Македонија ќе учествува целата делегација во состав – Арта Билали Зендели, шеф и членовите Илија Николовски и Антонијо Милошоски.

Како што се вели во соопштението, овој тип на настан, кој се одржува во затворен формат, овозможува размена на мислења со високи претставници на американските власти и истакнати експерти за клучните надворешно политички приоритети на САД во контекст на целите и активностите на НАТО.

Back to top button
Close