Собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ конечно да заседава за „Онишченко”, повикува Ковачевски
Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја повика собраниската Комисија за надзор на работата над Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за случајот „Онишченко” конечно да да заседава за овој случај, а Министерството за внатрешни работи што побрзо да ја заврши истрагата во однос на тоа како се случи затворена седница на парламентарна Комисија да биде пренесувана во живо.
Сакам да ја повикам собраниската Комисија конечно да седне и да заседава за овој случај бидејќи гледам дека има еден обид којшто беше за мене прилично лошо организиран и исто така МВР треба што побрзо да ја заврши истрагата во однос на тоа како се случи затворена седница на парламентарна Комисија да биде пренесувана во живо. Меѓутоа за се тоа што се однесува на Собранието јас навистина не можам да сугерирам и не можам да учествувам во носење на одлуки таму бидејќи Собранието е законодавна власт, нагласи Ковачевски одговарајќи на прашање при денешната посета на фабриката „Брилијант” во Штип.
Тој потсети дека Владата на својата затворена седница донесе заклучок со којшто ги задолжи релевантните институции во државата да отпочнат активности за одземање на доделеното државјанство на Олександер Онишченко