Собраниската седница одложена за еден час, Левица бара одговори од Владата за патните трошоци на пратениците

По барање на пратеничката група на „Левица“ денешната 48. собраниска седница, која требаше да почне во 12 часот, е одложена за еден час.

Причината, како што наведе Сашко Јанчев од „Левица“ е барањето до претседателот и заменик-претседател на Собранието да му наложи на генералниот секретар на Владата да и одговори на барањето на пратеничката Јована Мојсовска кој пратеник колку патни трошоци направил и колку кирии.

Јанчев посочи дека пратеничката Мојсовска прво како пратеничка побарала инфромација од генералниот секретар на Владата, а откога не добила одговор, испратила ново барање како граѓанин на кое и е одговорено полвично.

Како што најави Јанчев, се додека не и се одговори на пратеничката Мојсовска, на секоја седница ќе бараат пауза

Back to top button
Close