Социјалците што прекршија полициски час во пандемијата да не плаќаат казни

Група пратеници од власта подготвиле закон за амнестија на примателите на социјална помош, кои за време на најсилниот интензитет на пандемијата на коронавирус, биле осудени на парични казни зашто излегле од изолација или прекршиле полициски час, пишува СДК.мк.

Казните беа од две до четири, па и повеќе илјади евра.

Оваа амнестија, според идејата на пратениците, нема да се однесува за кафеаните, теретаните и сите други што ги прекршуваа забраните за време на вонредната состојба.

Идејата за амнестија на осудените сиромашни луѓе кои биле осудени за ширење на заразата, дошла од Основниот кривичен суд Скопје, каде што имаше најголем број вакви судски случаи, односно казнени платни налози, кои доаѓа од Обвинителството, откако МВР ги фаќаше.

Back to top button
Close