Социјалистичка партија за апсењето на Анакиев: Институциите да постапуваат според закон
Социјалистичката партија на Македонија ја истакнува определбата за чесно и одговорно работење на сите органи и институции во државата, се вели во соопштението на Социјалистичка партија, која е дел од владината коалиција, по апсењето на нејзиниот потпретседател Васе Анакиев.

Директорот на државниот инспекторат за земјоделие синоќа е уапсен во полициска акција поради мито. Првичните неофицијални информации велат дека Анакиев, кој раководи со Инспекторатот од 2024 година, е фатен при примање поткуп од околу 50.000 евра.
– Оттаму нашите очекувања од новата демократска власт се во воспоставувањето на владеење на правото и на правната држава, но и во одговорноста во работењето на секој поединец или институција.
Истовремено Социјалистичката партија на Македонија жестоко реагира од нападното партиско етикетирање на актуелни случаи со сериозни обвиненија и тенденциозното објавување фотографии со кои се гази врз човековото достоинсво, а за што од одговорните е потребно издржано објаснување.
Социјалистичката партија на Македонија ги повикува надлежните институции да постапуваат според закон, одговорно и без селективност да ги превземаат сите активности во разоткривањето на било кој случај за кој постојат основани сомненија за сторен криминал или злоупотреба на службената должност. Почитувањето и примената на законот исклучува селективност или пристрасност и обезбедува праведност, коментарира владејачката партија






