Социјална патологија на четири тркала

Прилично одамна поседувам еден џип, форд експлорер (црвен, спортска едиција!), кој годинава го тера своето уредно регистрирано 32-ро лето откако е произведен. Своевремено, го набавив, со мала помината километража, од една прекрасна – и како човек и како врвен дипломат –  германска амбасадорка во земјава која го купила за време на својот дипломатски стаж во Њујорк, а потоа амбасадорски го возела во една живописна африканска земја, пред да дојде на служба во земјава. (Таа, во секој поглед, грамадна жена, вистински врвен интелектуален и вински коносер, повеќе физички не е со нас, но сигурен сум дека сѐ уште е во мислите на многумина овдешни нејзини пријатели…)

Тој модел на форд, во 90-тите од минатиот век, беше најпродаваниот џип во „Земјата на погонот на 4 тркала“, САД. Станува збор за неспорен ѕвер: тежок околу два-три тони (зависно како сум се најал дента), со мотор од 4,5 илјади кубици и сѐ уште респектабилни 150-160 коњски сили, дига стотка за помалку од 10 секунди (зависно како сум се најал дента), а сум корнел дрва со него, заврзани за задната кука, за кои и багери добро би се замислиле!

Имам неколку пријатели и познаници кои, колку што ме молат, уште повеќе ме колнат што не сакам да им го продадам, ама јас им велам да не се секираат, бидејќи како старее, фордот станува сѐ поскап, па планирам кога еден ден ќе им го понудам на наддавање, покомотно да проживеам барем неколку пензионерски години, оти од државната пензија што би ми следувала не ќе можам ни еднаш месечно до бензинска да го провозам.

Елем, за што е целава приказна…

Мојот форд експлорер има една мала, но опасна тајна: предниот одбојник (браник, де!) му е, на прв поглед, од некаква композитна пластика, што ли, но ако се наведнете и погледнете зад таа маска, ќе видите дека под неа има една бабачко дебела метална шипка што повеќе наликува на трамвајска шина!

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close