Софија ја цени брзата реакција на Скопје против провокациите

Софија ја цени брзата реакција на Скопје против провокациите. Оваа позиција е изнесена, откако денеска во бугарското Министерството за надворешни работи на разговор бил поканет вршителот на работи амбасадор на Република Северна Македонија во Бугарија, јави БГНЕС.

На состанокот во бугарското МНР бугарската страна нагласила дека ги цени брзите реакции на властите во Скопје во врска со случајот на палење на бугарското знаме и пројавите на говор на омраза на социјалните медиуми против членови на бугарската Влада.

Back to top button
Close