Софија бара исполнување на францускиот предлог. Дополнителни услови нема , му кажал Георг Георгиев на Тимчо Муцунски
Шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев во телефонски разговор го информирал својот македонски колега Тимчо Муцунски дека Софија не бара ништо друго освен исполнување на францускиот предлог.
Бугарија ја охрабрува Македонија да продолжи по европскиот пат и тврди дека од Софија нема дополнителни услови освен оние договорени со францускиот предлог од 2022 година. Бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев го информирал својот македонски колега Тимчо Муцунски за овој став на официјална Софија во телефонски разговор. Во соопштение на бугарското МНР се наведува дека Георгиев му објаснил на Муцунски дека со Решението на бугарското Собрание се потврдува дека земјата нема дополнителни услови надвор од елементите содржани во Европскиот консензус.
„Бугарија повторно демонстрира дека е доследна во својата поддршка за Република Северна Македонија и останува цврсто посветена на спроведувањето на договореното помеѓу ЕУ и Скопје“, се наведува во соопштението на бугарското МНР.
Мицкоски чека одговор
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски во средата изјави дека се уште нема потврда за најавената средба на македонска и бугарска делегација на маргините на Самитот на НАТО во Хаг овој месец, која ја иницираше претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.
Мицкоски во средата ја обвини Бугарија дека „суштината на барањето за уставни измени не е внесување на Бугарите во Уставот”, туку „обид на еден инженеринг, да се создаде нова македонска нација (…), која почива на бугарски корени”. Мицкоски повторно го обвини поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи дека „прифаќајќи го францускиот предлог директно закова шајки во рацете и во нозете на македонскиот идентитет