Софија бара појаснување од Белград за наводно поставување ограда на границата
– По наредба на вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, бугарската дипломатска служба побара објаснување од надлежните органи на Република Србија во врска со публикациите во српските медиуми дека владата ќе гради ограда на границата со Бугарија.
Како што претходно објави БГНЕС, Белград одлучил да постави жичана ограда на границата меѓу двете земји со цел да го спречи ширењето на Ковид-19 и илегалната миграција од Бугарија кон Србија. Информациите за акциите на соседната земја ги објави државната Радио телевизија на Србија. Со владина наредба се оправдува и потребата од носење решение за привремено зафаќање на приватна сопственост, преку која мора да минува оградата.
Специјалниот пратеник Иван Петков разговарал со српскиот амбасадор во Софија Жељко Јовиќ, кој рече дека неговата влада не донела одлука за поставување ограда на границата со Бугарија, ниту, пак, има градежни работи што би укажувало на тоа, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.
Амбасадорот на Бугарија во Република Србија, Радко Влајков, остварил разговор со Милош Поповиќ, шеф на кабинетот на српската премиерка Ана Брнабиќ. Тој потврди дека нема таква одлука за Бугарија и дека земјата ќе биде известени однапред ако се разговара за такво нешто во иднина.