Софија ќе врачи протесна нота на амбасадорката Руси

Амбасадоката на Република Северна Македонија во Бугарија, Агнеса Руси Поповска ќе биде повикана во Министерството за надворешни работи во Софија каде што ќе и биде врачена протестна нота како реакција од официјална Софија на нападот врз секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи го осуди инцидентот и побара надлежните да го расчистат. Тој се слушнал со својот бугарски колега и најави дека ќе го посети повредениот Христијан Пендиков.

Според МВР инцидентот започнал во угостителски објект во Охрид, а потоа и надвор од објектот. Секретарот бил пренесен во охридската болница каде што му констатирале тешки телесни повреди.

Back to top button
Close