Софија: Над 216 илјади бугарски пасоши се издадени на граѓани на С Македонија
Над 216 илјади пасоши со бугарско државјанство се издадени на граѓани на Република Северна Македонија, објавил бугарскиот министер за внатрешни работи Даниел Митов, пренесе БГНЕС.
„Во периодот од 1 јануари 2007 година до 17 јуни 2025 година, издадени се 216 594 пасоши на бугарски државјани за кои има информации за второ државјанство на Република Северна Македонија“, изјавил министерот за внатрешни работи.
Тој во оваа смисла нагласил дека основата за издавање бугарски пасош произлегува со стекнување на бугарско државјанство од страна на поединците, со оглед на тоа што според Законот за лични документи на Бугарија, пасош се издава единствено на бугарски државјани.