Софија останува на блокадата за Македонија кон ЕУ

Бугарија не може да го поддржи одржувањето на првата меѓувладина конференција со Македонија, порачаа од бугарското Министерство за надворешни работи.

Од таму посочуваат дека сегашниот проект за преговарачка рамка за влез на Македонија во ЕУ не ги содржи предлозите на бугарската страна и Бугарија.

Од таму велат дека министерот за надворешни работи Светлан Стоев ги примил амбасадорите на земјите-членки на Европската унија и в.д раководителот на претставништвото на Европската комисија во Бугарија и ги запознал со актуелниот развој на настаните по изборите во Бугарија.

Притоа, во однос на почетокот на преговори за членство во ЕУ на Македонија од страна на министерот биле нагласени напорите од бугарска страна во последните месеци да бидат решени отворените прашања со Скопје.

„Нема никаков напредок во спроведувањето на Договорот за добрососедство“, вели министерот Стоев и додава дека бугарската страна сѐ уште очекува конкретни чекори за спроведување на прифатените обврски.

Меѓу нив се откажување од територијални и мацински претензии, прекин на говорот на омраза против Бугарија, промена на учебниците во Македонија што ќе отсликува „заедничка историја“ и гарантирањето на правата на граѓаните со бугарска самосвест.

Back to top button
Close