Соларис Медика – физикални третмани со врвен квалитет и највисок степен на успешност во Македонија

Ексклузивно во Македонија, третмани со врвен квалитет и највисок степен на успешност во областа на физикалната медицина и рехабилитацијата.

Во Соларис Медика во Скопје, покрај најсовремените медицински апарати и високо квалификуваниот кадар со целосна посветеност, ќе имате можност да пронајдете решение за Вашите непријатни состојби и повреди: невролошки заболувања, ортопедско- трауматолошки повреди, спортски повреди, ревматски заболувања, невромускулни заболувања, деформитети во детска возраст, заболувања на ‘рбетен столб (цервикален синдром, лумбален синдром, лумбоишијалгија), постоперативни состојби, масажи (спортски, медицински, релакс, ароматерапија), естетски третмани за пополнување брчки на лицето со колагенски конци и антицелулитни третмани со масажи и шок вејв третмани.

Декомпресија – Една од услугите кои ја нуди Соларис Медика и е ретка на нашите простори со 95-98% успешност кај пациентите.

Што всушност претставува Декомпресијата?

Симптомите на болки во грбот најчесто се резултат на стареењето и поради тоа настанува дефенерација на дисковите на ‘рбетот во различен степен, намалувајќи го просторот резервиран за нерви. Она што е предност при овој третман е тоа што декомпресијата е исклучително успешна, неоперативна процедура за ублажување на болката во долниот дел на грбот, вратот, рацете и нозете.

Исто така, овој третман е препорачлив и за луѓе без болка кои сакаат да се одржат во добра состојба. Состојбите кои можат ефикасно да се третираат со терапија се:

– Дискус хернија

– Испакнат диск

– Ишијас

– Дегенеративни заболувања на дискот

– Стеноза на ‘рбетот (стеснување на каналот низ кој минува нервот)

– Болки во грбот, вратот, трнење во раката, главоболки, вртоглавица

– Синдром на фасети

– Сколиоза

Shock Wave – терапија со ударни бранови како неинвазивна метода која е безболна.

Со аплицирање на ултразвучни ударни бранови се регенерираат мускулни влакна, влакна на лигаментите, како и тетивите.

Се третираат состојби како што се:

– Tениски лакт

– T.н скокачко колено (jumping knee)

– Болно рамо

– Болна ахилова тетива

– Кршење на калцификати (шилци)

– Мускулни повреди

– Лумбални болки

– Болки во врат

– Карпал тунел синдром

 

Покрај медицинските третмани, shock wave третманот се употребува и за антицелулитни третмани при кои се добиваат брзи резултати во краток временски период.

Покрај горенаведените терапии се спроведуваат и Електротерапија, Ласеротерапија, Магнетотерапија, Сонотерапија, Кинезитерапија, Кинезитејпинг, Вендузи терапија.

Доколку имате потреба од ваков тип на третмани или потребна ви е професионална консултација, обратете се во Соларис Медика на

Бул. 8ми септември бр.3 лок 2/3 во Скопје Тафталиџе или јавете се на 071 388 364 или 02 30 90 555.

Грижете се за своето здравје!

-комерцијална објава – 

Back to top button
Close