Сомалиската влада потврди за 66 убиени, еден ден по судирите со милицијата Ал-Шабаб
Во судирите меѓу сомалиските владини сили и припадниците на милицијата ал-Шабаб неделава се убиени 66 лица, јави ДПА.
Во борбите загинаа 51 милитант и 15 владини војници и вооружени цивили, кои биле вклучени во борбите, соопшти владата, додавајќи дека шестмина милитанти се фатени живи.
Ал-Шабаб, која има врски со Ал-Каеда, редовно изведува напади врз воени бази, владини згради и хотели во оваа земја разорена од војна, појаснува германската агенција.
Борбите вчера почнаа кога милитантите на ал-Шабаб ја нападнаа областа Бадвејн, во северниот регион Мудуг.
Ал-Шабаб со години наназад се бори да оствари целосна контрола во Сомалија и веќе има ефикасна контрола врз широки делови од југот и центарот на земјата. Африканската унија и американските сили и даваат значителна помош на владата во борбата за враќање на контролата врз територијата.
Постои извесна загриженост од извештаите во медиумите дека американскиот претседател Доналд Трамп може да ги повлече сите американски трупи од Сомалија во обид значително да го намали американското воено присуство во странство, пред да ја напушти функцијата следниот месец, пренесува ДПА.