Сончево и топло до крајот на неделата – за викендот вистински пресврт

Утре наутро времето ќе биде ведро, а во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Услови за врнежи од дожд ќе има во западните планински делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието, соопшти УХМР.

Во Скопје, сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Во петок, во деновите од викендот и во вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Утринските температури ќе бидат во пораст.

Back to top button
Close