Сончево и топло над 30 степени до среда, за викенд нестабилно со врнежи

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени.

Утре и во среда времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе
бидат над 30 степени.

Потоа во четврток и петок ќе има појава на попладневна локална нестабилност, а поинтензивна нестабилност со врнежи пороен дожд проследен со грмежи ќе има за време на викендот. Тогаш и дневните температури ќе бидат за неколку степени пониски, и тоа за сабота максимална температура се очекува да биде 36 степени, а во недела 35 степени Целзиусови.

Back to top button
Close