Сончево и топло, попладне со пороен дожд и грмежи

Сончево и топло време со мала до умерена облачност се најавува за денеска во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во попладневните часови се прогнозира дека ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а ќе дува и слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе биде од 7 до 15 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се движи од 18 до 28 степени.

Во Скопје за денеска се најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 11 степени наутро, до 26 во текот на денот.

И за утре се најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне, претежно во источните делови од земјата, ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Дневната температурата утре ќе се движи од 18 до 28 степени.

Back to top button
Close