Сончево и топло со локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во северозападните планински региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени Целзиусови.

 

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени Целзиусови.

Според најавите од УХМР, и во следните денови ќе преовладува сончево и топло време со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во почетокот на новата седмица

Back to top button
Close