Сончево и топло со температура до 20 степени

Денеска не очекува сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во текот на денот ќе има мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб ветер претежно од западен правец. Температурата наутро ќе биде од минус 2 до 3 степени, а во текот на денот живата на термометарот, во одредени делови од земјата ќе се искачи до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и тивко, а дневната температура ќе се искачи до 15 Целзиусови степени.

За утре, според прогнозата на УХМР, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб југозападен ветер. И во Скопје утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и тивко.

Back to top button
Close