Сончево и топло со температура до 22 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево, претпладне во јужните делови со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната од 17 до 22 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и тивко.

Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 20 степени.

 

Back to top button
Close