Сончево и топло со температура до 35 степени

 Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала облачност и со умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.

За утре, синоптичарите најавуваат нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално можно е невреме, особено попладне.

Пороен дожд и грмежи ќе има и во понеделник, а потоа времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален дожд. Дневната температура ќе опадне за шест до осум степени.

Back to top button
Close