Сончево и топло со температура до 35 степени Целзиусови
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите во утрнските часови се движат од 11 во Берово и Маврово, до 20 в0 Гевгелија, а дневните ќе достигнат вредност до 35 степени Целзиусови
Во следните денови времето ќе биде претежно сончево и топло. Во петок и во сабота ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер