Сончево и топло време сo температурa и до 35 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. UV=8

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од колината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. И во понеделник во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а поради големата енергија во атмосферата наместа процесите ќе бидат и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град

Back to top button
Close