Сончево и топло, за викендот температури над 35 степени

Сончево и топло, за викендот температури над 35 степениh Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје и околината слично време со минимална температура до 15 и максимална до 32 степени.

Од Управата за хидрометеоролшки работи информираат дека од петок се очекува топол бран со температури над 35 степени.

– Особено топло ќе биде во петок и за време на викендот кога подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на топол бран. Од петок, дневните температури на повеќе места ќе бидат над 35 степени, најавуваат синоптичарите.

Back to top button
Close