Сончево и ветровито, дневната температура до 23 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието, засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 17 до 23 степени.

Во Скопје, слично време со минимална температура до 6 и максимална до 20 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време. До сабота, дневната температура ќе биде пониска за неколку степени, а од недела повторно ќе биде во пораст. За време на викендот по котлините ќе има појава на магла.

Back to top button
Close