Сончево и ветровито време, температурата до 34 степени

Времето денес ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на одделни места повремено ќе достигнува брзина до 60 километри на час.

Утринските температури ќе се движат од 13 до 22 степени, додека дневните ќе достигнат од 26 до 34 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 19 до максимални 32 степени, објави Скопје1.мк

Back to top button
Close