Сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен ветер

– Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе се движи од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степен. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со повремен засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 30 степени.

Утре уште од претпладне ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен долж Повардарието и на повисоките места. Од утре следува и период на претежно сончево време со пораст на дневната температура, а по викендот повторно ќе биде нестабилно.

Back to top button
Close