Сончево со мала до умерена облачност, попладне услови за краткотраен дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, во западните делови умерен ветер од западен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локално наоблачување со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната од 18 до 23 степени.

Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, а попладне облачноста ќе се зголеми и во делови од котлината ќе има пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 21 степен.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close