Сончево со мала до умерена облачност, во Скопје наутро магливо

Наутро во котлините ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Како што информираат од УХМР, во Скопје наутро ќе биде магливо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Денеска во текот на денот ќе има повеќе сончеви периоди, а од почетокот на следната седмица ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време. Температурите ќе бидат во пораст и ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, само на планините ќе бидат од снег.

Back to top button
Close