Сончево со мала облачност и температури до 16 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од југоисточните делови, облачноста ќе се зголемува.

Минималните температурии ќе се движат во интервал од минус 4 до 3 степени, а максималните од 8 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Mинималната температура ќе изнесува минус 1, а максималната 15 Целзиусови степени.

Утре се очекува променливо и облачно време со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

 

Back to top button
Close