Сончево со мала облачност

Наутро по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната од 17 до 22 степена.

Во Скопје, наутро со услови за појава на магла, а преку денот сончево со мала локална облачности и слаб до умерен југозападен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени

Back to top button
Close