Сончево со слаб до умерен ветер, температурата до 19 степени

 Времето во земјава денеска ќе биде сончево  со слаб до умерен југоисточен ветер. Во утринските часови понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, особено во јужните делови.

Утринската температура ќе се движи од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, сончево и по малку магливо со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 0, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево време со студени утра. Понекаде во котлините во утринските часови ќе има услови за магла и ниска облачност, особено во јужните делови. Во вторник се очекуваат врнежи од дожд проследени со засилен ветер.

Back to top button
Close