Сончево со слаб променлив ветер

Времето ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степена.

Во Скопје сончево со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 19 степени.

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време. До среда ќе се задржи сончево време, а од четврток ќе има зголемување на облачноста и ќе почне да дува умерен ветер од јужен правец.

Back to top button
Close