Сончево со слаб ветер

Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје сончево со слаб до умерен северен ветер.

Како што соопшто УХМР, ќе продолжи периодот на стабилно време, но со постепен пад на температурата која до сабота ќе се намали за околу пет степени.

Во следните три дена ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. В четврток наутро ќе има услови за слаба магла по одделни котлини.

Минималната температура ќе се движи од -1 до 10 степени, а максималната од 17 до 25 степени.

Back to top button
Close