Сончево со умерена локална облачност и слаб северен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 34 степени.

За време на викендот наместа ќе има зголемена облачност. Утре, температурата насекаде ќе биде над 30 степени, а в недела во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен северен ветер и ќе има благо опаѓање на температурата особено во северните делови. Во вторник ќе има зголемена облачност, а температурите ќе бидат во постепен пораст. Значителен пораст на температурата се очекува од среда.

Back to top button
Close