Сончево со умерена облачност и слаб ветер

Претпладне во западните и северните делови ќе има услови за појава на слаб локален дожд и умерена облачност, која во текот на денот ќе се намалува. Во останатите делови од земјата преку денот ќе преовладува претежно сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец.

Во Скопје претпладне со променлива облачност, а од пладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 5 до 12 степени, амакссималната од 18 до 25 степени.

Back to top button
Close