Сончево време со температура до 30 степени

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени, јавува УХМР.

Во наредните денови следува период на стабилно време со умерена облачност. Во недела ќе има услови за локален дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината.

Back to top button
Close